Екипите на Младост и Победа Јуниор во Охрид одиграа два трогателни бараж натпревари за влез во Втората лига. „Зелено белите“ со вкупни (4-3) обезбедија пласман, а најзаслужен е Игор Клечкароски, кој ги постигна четирите погодоци за екипата.

– Тешки, тешки натпревари. Многу повеќе на психички план него на физички, но добро е што се заврши во наша полза. Пласманот во Втората лига е круна за макотрпната работа преку целата сезона во Третата лига – рече Клечкароски.

Теренот во Охрид дефинитивно му лежи на Клечкароски, а тоа најдобро го отслика со четирите постигнати погодоци.

– Во Охрид ми е како дома. И неколку други фудбалери имаат настапувано на овој терен и тоа ни беше од голема помош. Да ги сумираме в печатоците да се одмориме и полека ќе се фокусираме на следната сезона – заврши Клечкароски.

Мх.П.