Фудбалерите на Охрид ја совладаа екипата на Вардар Форино, минимално со 1:0, во дербито од дното на табелата во Втората лига – Запад. Стрелец на единствениот гол на средбата што се одигра попладнево на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, беше Игор Клечкароски во 8 минута.
Со оваа победа Охрид остана на претпоследното 9-то место со 14 бода, но ја намали разликата во однос на конкурентите во борбата за опстанок, Вардар Форино е осми со 18 бода, а Гостивар седми со 20 бода.
По 16 одиграни кола, лидер на табелата е Пелистер со 33 бода, четири повеќе од Скопје на втората позиција.
Во следното коло Охрид му гостува на Скопје.
Г.М.