Напаѓачите Игор Клечароски и Атај Уљо во преодниот рок направија кам-бек во екипата на Охрид. Охриѓани кои мака мачеа со реализиација во првиот дел од сезоната , (постигнаа само 12 гола на 13 натпревари), во преодниот рок во Охрид го вратија тандемот Клечкароски – Атај кој лани во првиот дел од сезоната заедно постигна 13 гола .
Покрај Атај и Клечкароски , Охрид одбраната ја засили и со Сашо Танкоски, додека деновиве се очекува одговорот од битолчаните Благојче Рутески и Игор Момироски. Со нивното евенутално доаѓање ќе се затвори списокот нови имиња.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com