Игор Клечкароски и Мурат Адили (Љатка) се првите трансфер потези на охридскиот клуб во летниот преоден рок.

Со доведувањето на Клечкароски и Адили, клубот од „Билјанини Извори“ формираше пеколен напаѓачки тандем за мечевите од Втората МФЛ.

За Клечкароски ова е кам бек во Охрид, додека Адили и „рибарите“ прв пат пуштија рака за соработка.

Дел од клубот повеќе не се Наум Вељаноски, Александар Целески, Роберт Митев, Александар Ѓорѓиески, Бурхан Алији и Шериф Реџепи.

OhridNews