Клавирот кој го преживеал бомбардирањето на Хирошима во 1945 година ќе има почесно место на концертот во корист на мирот кој ќе биде одржан во Њу Јорк. Клавирот е во сопственост на Јоко Макуба кој и самиот го преживеал бомбардирањето. Инструментот се наоѓал во неговата куќа кга американците фрлиле атомска бомба на Хирошима. Клавирот го купила мајката на Макуба во 1933 година. Тој е само малку оштетен иако се наоѓал на само еден километар од местото каде била фрлена бомбата.
Макуба, кој денес живее во северот на јапонија, се согласил да го изнајми клавирот на една година, велејќи дека тоа му причинува големо задоволство. Музичарите кои ќе учествуваат во овој проект имаат намера да одржат околу 40 концерти низ Јапонија со главна тема мир во светот. Нивната цел е да соберат околу 230 илјади долари поради финансирање на трошоците за превоз на клавирот до Њу Јорк, каде во септември ќе се одржи концерт во седиштето на Обединетите Нации за промоција на глобалниот мир и забраната за ширење на нуклеарното оружје.