Клаудија Шифер и нејзиниот сопруг Метју Вон го чекаат своето трето дете. Манекенката е бремена пет месеци и би требало да се породи оваа пролет. Тие веќе имаат две деца, синот Каспар и ќерката Клементајн.


Клаудија вели дека обожава кога е бремена. Мајчинството и го променило животот. Таа е еден од најуспешните светски модели. Нејзиното богатство се проценува на повеќе од 40 милиони евра. Со сопругот се венчале пред седум години и живеат во Лондон.