Овој петок љубителите на живата свирка ќе можат да уживаат во уште една забава во организација на кафе – барот “Шила“. Премиерно, настапуваат “Клаудија 4“ – нова формација на веќе добро познати музички имиња од Охрид.

Настапот на бендот составен од докажани музичари од Охрид ветува одлична журка и многубројна публика. “Клаудија 4“ ќе ги изведе најпознатите поп – рок рефрени, рецепт за урбана забава и културна атмосфера.

“Клаудија 4“ се:

Јован Куциновски – Вокал и Гитара

Јане Тодороски – Бас гитара и пратечки вокал

Зоран Кречо – Тапани

Јован Бочвароски – Eлектрична гитара и пратечки вокал

“Ве очекуваме на жешка журка и ладно пиво“ – порачуваат од “Шила“,градско место во срцето на чаршијата коe се повеќе се издвојува со својата уникатна приказна и преку внимателно селектирани настани продолжува со остварување на визијата за враќање на урбаниот сјај на охридскиот ноќен живот.

Поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.

OhridNews