Дека понекогаш е најдобро да се држите до класиката и едноставните кроеви, во вторникот ни покажа прекрасната актерка Шарлиз Терон која била главна ѕвезда на лондонската премиера на филмот “A Million Ways To Die In The West“.

Прекрасната актерка за таа прилика избрала едноставен мал црн фустан од пролетната колекција Стела МекКартни. Фустанот го надополнила со пристојни сандали во црна боја, ниска пунџа и светло црвен кармин на усните. Речиси незабележлив ѓердан го заокружил овој минималистички стајлинг.

 

извор:fashion.hr