Овој петок со почеток во 20 часот Њујорк ќе биде обележан со боите на македонското знаме преку звуците на музиката од престижната “Carnegie Hall”. На истата сцена каде што зачекориле најголемите музички имиња
од класичната,џез и светска музика, оваа вечер нашите млади виртуози Исмаил Лумановски и Ивана Ристова ќе се претстават со целовечерен рецитал. На концертот ќе бидат изведени сонатата за кларинет и пијано-
Poulenc, “Цигански напеви” од Sarasate, Чардаш од Монти и “Четирите сувенири” на американскиот композитор Paul Schoenfield (Samba, Tango, Tin Pan Aley и Square Dance).

Во дел од програмата пијанистката Ристова ќе настапи соло со дела од Шопен и Лист. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот познат кларинетист Васко Дуковски со кој ќе ја изведат “Hameum” Свитата на Анте Гргин.

Лумановски како што ни е веќе познато, дипломирал и магистрирал во класата на професорот Charles Neidich во реномираната школа “The Juilliard School” во Њујорк. Основач е на познатиот светски бенд “New York
Gypsy All Stars” со кој настапува низ целиот свет и е член на триото “Grneta Ensemble” заедно со кларинетистот Васко Дуковски. Овој концерт е трет негов настап со Ристова оваа сезона, а нивната соработка продолжува и
понатаму со заедничка турнеа низ Америка и Европа.

Пијанистката Ристова е добитник на 15 меѓународни награди низ светот и моментално е студент на познатиот светски пијанист Emanuel Ax. Концертот на Исмаил Лумановски и Ивана Ристова во “Carnegie Hall” е
спонзориран од светски познатата фармацевтска компанија Jonson & Jonson и е во организација на продуцентската куќа GMB Music.

OhridNews