Белгијката Ким Клајстерс ја демолираше Вера Звонарева со 2-0 (6-2,6-1) и по трет пат во својата кариера триумфираше на Отвореното првенство на САД.


Поранешната светска тенисерка број еден, Клајстерс втора година по ред победува на терените во Њу Јорк, а првиот трофеј го освои во 2005 година.

Трофејот од САД е единствениот во нејзината витрина, два пати играше во финалето во Париз, еднаш во Мелбурн, додека полуфиналето и е краен дострел на Вимболдон.

М.П.