Екипата на КЛ7 Струга се закити со титулата кадетски шампион во Македонија триумфирајќи на завршниот турнир кој вчера се одигра во СРЦ „Тими“ во Струга.
Ракометарите на КЛ7 Струга во финалето го совладаа составот на Прилеп со 39-32. Во полуфиналето стружани славеа против Вардар (28-21), а прилепчани беа подобри од Еурофарм Работник (33-27).
Финалето во СРЦ „Тими“ се одигра пред полни трибини и градот и ракометарите уште еднаш покажаа зошто Струга го носи епитетот „град на ракометот“.
OhridNews