Охридската кошаркарска школа Колибри е дел од големата кампања “Нови дресови за нови шампиони”, која ја води спортската обложувалница Моцарт. „Колибрите“ во вид на донација добија два пара дресови.

Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж помеѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот. – стои во соопштението од „Моцарт“ обложувалниците.

Кошаркарската школа Колибри, на охридската спортска сцена опстојува повеќе од 15 години и се уште важи за една од најдобрите во нашата земја.

OhridNews