Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ја продолжи традицијата околу новогодишните и божиќните празници реализирајќи добротворна донација. Овој пат донацијата на апарати за домаќинство и пакетчиња наменета беше Дневниот центар „Зраци“ во кој престојуваат лица со посебни потреби.

  • Охридскиот кошаркарски клуб предводен од сопственикот Милчо Донески под мотото „Божик за сите“ во рамките на своите можности донираше апарати за домаќинство за Дневниот центар и пакетчиња за лицата кои престојуваат. Свесни сме дека ова е мал дел, но сакавме со мал гест да ги израдуваме овие лица на кои подршката им е повеќе од потребна. И покрај нивниот хендикеп заедно со нивните воспитувачи Зоран Костадиноски и Евица Мешкоска бевме топло примени  од малкумината корисници поради лошите временски услови, но со единствена цел дека сите заслужуваат еднаков третман – изјави спортскиот директот за клубот.

Лицата кои престојуваат во Дневниот центар кој во Охрид опстојува повеќе од 15 години со широки насмевки ги пречекаа и испратија преставниците од клубот, а Бошалески им обеќа организирано гледање на натпревар кога Охрид ќе игра на домашен терен.

Популарните „галеби“ секогаш активно учествуваат во хуманитарните мисии кои се организираат во Охрид и пошироко.

OhridNews