Елитната кошарка во Македонија нема се уште, а нема ниту надеж дека ќе се среди хаосот за почеток на сезоната која веќе требаше да биде во полн ек.
Сезонавата во одбраното друштво ќе дебитира и кошаркарскиот клуб АВ Охрид кој со соопштение излезе во јавноста за ситуацијата во македонската кошарка.
– Поради новонастанатата состојба на релација МКФ и Здружение на клубови, од КК АВ од Охрид мораме да го изразиме нашето незадоволство и во најмала рака несериозност во изнаоѓање решение на настанатите проблеми. Сакаме да ве информираме дека КК АВ Охрид и покрај улогата на дебитант во Првата мекедонска лига има капацитет да се наметне како клуб кој во целост ги исполнува сите законски обврски како кон МКФ така и кон играчите и стручниот штаб. Во клубот АВ во моментов има 31 лице вработено на договор со уредно исплатени плати и придонеси. Покрај првиот тим во склоп на АВ Охрид се формирани и младински школи во кои членуваат 100 деца, а уште повредно е да се каже дека од оваа година планирано беше да се натпреваруваме во сите младински категории. Во периодот од 5-12 септември клубот беше и на подготвителен период во Црна Гора каде одигра и неколку пријателски средби со оглед на календарот за отпочнување на новата прволигашка сезона. Сето ова го кажуваме со една единствена цел дека ние како клуб кој е комплетно на „терет“ на еден човек, и со скромна помош на Локалната самоуправа Охрид за давање на слободни термини во СРЦ Билјанини извори, неможеме да го издржиме ова несериозно однесувње и даваме рок ако сето ова не се заврши најдоцна до средина на месец ноември ќе бидеме приморани да се повлечеме од оваа приказна за кој многумина кажаа дека е респектабилен проект посебно за овие простори, а сопственикот да замине од земјава. Се надеваме дека ќе ги надминете предрасудите и ќе донесете одлука за конечно отпочнување на натпреварите за оваа сезона. – стои во соооштението од кошаркарскиот клуб АВ Охрид.
Со скор 17 победи и еден пораз „галебите“ се прошетаа во Втората лига и наговестија жестока битка со ривалите во Првата лига.
OhridNews