Од 9 до 14 март , сите кои ќе го посетат Културно-информативниот центар „Култура 365“ во времето од 9 до 15 часот, како подарок ќе добијат книга. Овој пат се доделува книгата „Елшани – живот меѓу каменот и водата“ од Мишо Јузмески.

Во оваа книга, преку примерот на животот во едно село и неговиот развој, авторот воедно раскажува за историјата, животот и обичаите на Македонија. Книгата се состои од пет тематски целини: земјопис, времеплов, наследство, стопанство и евлешани (приказна за населението).

OhridNews