Од денеска до 30-ти ноември 2014 година во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид ќе се одржува акцијата „Недела на книгата…“.

Во рамки на оваа акција сите посетителите на овој културен центар ќе имаат можност да добијат по еден бесплатен примерок од збирката раскази „Сто години копнеж“ од охридскиот автор Мишо Јузмески.

Вакви акции во кои се подарува книга од македонски автор се одвиваат во текот на целата година. Целта на акцијата е да се промовираат македонски книги и автори, а истовремено кај населението да се поттикне интересот кон читањето со што се стекнуваат разни позитивни придобивки.

КИЦ „Култура 365“ се наоѓа на улица „Цар Самоил“ бр. 34, а работи секој ден од 9 до 15 часот.

OhridNews