Јован Китрозоски и Томче Речкоски фудбалските кариери ќе ги продолжат во прилепскиот второлигаш 11 Октомври.


Китрозоски со капитенската лента во дресот на Охрид 2004.

По испаѓањето на Охрид 2004 од Втората лига и казната од Фудбалската федерација на Македонија, Китрозоски и Речкоски го напуштија клубот во кој ги направија првите чекори.

Двајцата фудбалери се задоволни од ангажманот и подготвени за новиот предизвик, кој ги очекува престојната сезона.

Мх.П.