Женскиот ракометен клуб Лихнид го претрпе осмиот пораз сезонава во Младинската лига, откако изгуби на гостувањето во Куманово со убедливи 35-18 (17-13).

„Китовите“ одиграа две различни полувремиња. Во првиот дел охридските ракометарки иако не започнаа најдобро им парираа на кумановчанки кои почетна позитива од четири погодоци ја задржаа до крај. Во вторите 30 минути охриѓанки одиграа далеку под своите можности и им дозволија лесна победа на домашните ракометарки.

Во тимот на Куманово се истакнаа Тамара Ивановска со девет голови и Јована Кипријановска со осум погодоци. Во екипата на Лихнид најпрецизен беше Викторија Алексиоска со шест погодоци, а три реализираше Мила Ложанкоска.

OhridNews