Ракометарките на Лихнид со убедлива победа 29-8 (13-5) против Прилеп ја завршија есенската полусезона во Пионерската лига.
Охриѓанки пред своите гледачо доминираа во секој сегмент од играта за што најдобро говори крајниот исход од натпреварот.
До четвртиот триумф во петтиот натпревар „китовите“ ги предводеше ефикасниот напад и гранитната одбрана.
Тамара Маркоска и Ивона Блажеска постигнаа по осум голови, еден помалку реализираше Марија Јолеска, а до шест броеше Викторија Алексиеска.
Ohridnews