Женскиот ракометен клуб Лихнид од Охрид на почетокот од овој месец беше специјален гостин на пригодна свеченост во српскиот град Лебане. Имено „китовите“ одиграа ревијален меч со збратимениот клуб Радан на отварањето на новата спортска сала во градот.
– Голема чест ни приредија прво со поканата за присуство на церемонијата, а потоа и со гостопримиството. Незнаме дали постои начин како би им се оддолжиле кога ќе дојдат во Охрид. – рекоа од клубот „Лихнид“.
Охридскиот и клубот од Лебане негуваат пријателство неколку години, а со секоја нова средба се продлабочува соработката која започна сосема случајно.
Пред почетокот на ревијалниот натпревар, градоначалникот на градот на тренерите од охридскиот клуб лично им додели благодарница за трајно пријателство. Победата им припадна на домаќинките кои со тесни 29-28 славеа на задоволство од публиката.
Мх.П.