Женскиот ракометен клуб Лихнид со триумф над Војнисон од Кичево 35-18 (20-6) ја заврши сезоната во Кадетската лига.

„Китовите“ и покрај победата не успеаја да се пласираат на првите две позиции на табелата и да обезбедат учество на завршниот турнир. Минатата година ракометарките на Лихнид на домашен терен го освоија бронзениот медал, откако финишираа на третата позиција.

Оваа година за титулата во Кадетската лига ќе разигруваат Вардар Јуниор, Куманово, Металург и Стружанка.

OhridNews