Ракометарките на Лихнид со рутински и убедлив триумф 26-19 (11-7) против Преспа Нова во Ресен го заокружија регуларниот дел од сезоната во кадетската лига.


„Китовите“ рамо до рамо со Вардар ја завршија сезонава и двете екипи заедно ќе бидат дел од завршниот Ф4 турнир кој има големи шанси да се игра во Охрид.

Тренерскиот тандем Филип Јовановски и Билјана Богданова-Смилевска им дадоа шанса на помладите ракометарки кои во целост ја оправдаа довербата.

По шест пати противничката мрежа ја погодија Кристина Костеска и Теодора Балоска, Стефани Костеска реализираше четири голови, а по два пати прецизни беа Мила Ложанкоска, Ивона Јанулоска, Марија Петреска, Моника Бутеска, додека по еднаш Драгана Усовиќ и Мартина Чавкоска.

Охридскиот женски ракометен клуб ќе конкурира за организација на Ф4 турнирот кој би требало да се одржи викендов кој доаѓа.

OhridNews