Ракометарките на Лихнид забележаа нова победа во Пионерската лига совладувајќи го тимот на Ринија М на гостински терен со 8-6 (14-11) во 10-та рунда од првенството.
Новата вкупно петта победа сезонава „китовите“ ја најавија со ефикасниот и пред се сигурниот старт на натпреварот. На одмор заминаа со два позитива (8-6), а во продолжението од мечот ја задржаа предноста и запишаа нови бодови на табелата
Со пет голови најпрецизна беше Кутаноски, четири реализираше Костеска, три пати прецизна беше Сиљаноска, а по еднаш мрежата ја погодија Фанкоска и Бутеска и го надополнија отсуство на првата виолина Усовиќ и Далипоска.
Во следната рунда на домашен Лихнид го пречекува составот на Алушевски.
OhridNews