Ракометарките на Лихнид во драматичен натпревар претрпеа пораз од Стружанка 11-9 (6-6) во четвртата рунда од Пионерската лига.
Малата конфузија на стартот од второто полувреме ги чинеше охриѓанки пораз кој е прв сезонава по трите победи во серија.
Викторија Алексиоска го предводеше нападот со три голови, а по два постигнаа Тамара Маркоска, Ивона Блажеска и Николина Угриноска.
Во следната петта рунда избраничките на тренерскиот тандем Јованоски – Смилеска пред своите гледачи ќе го пречекаат тимот Жито Прилеп.
Ohridnews