Ракометарките на Лихнид ја продолжија победничката серија во кадетската лига победувајќи го составот на Пелистер 30-18 (14-9) во третата рунда.


„Китовите“ со овој триумф стигнаа до третиот во исто толку мечеви и го задржаа перфектниот ефект во лигата.

Составот на Лихнид го предводеше тандемот Викторија Алексиеска и Тамара Маркоска кој искомбинира 12 голови.

Пет постигна Теодора Балоска, по четири реализираа Ивона Блажеска и Николина Угриноска, до три стигна Марија Петреска, а по еднаш прецизни беа Елизабета Крстаноска и Љупка Спространова.

Во четвртата рунда на програмата е дербито на полусезоната меѓу Лихнид и Вардар.

OhridNews