Ракометарките на Лихнид забележаа нова победа во женската Пионерска лига совладувајќи ги своите врснички од Ресен со 18-14 (11-8).


За „китовите“ ова е шеста победа сезонава, втора во серија по поразот од Металург во првата рунда од пролетната полусезона.

Младите ракометарки до триумф во Ресен ги водеше тандемот Викторија Алексиоска и Марија Јолеска кој искомбинира 12 погодоци.

Два пати мрежата ја погоди Баловска, а по еднаш прецизни беа Бутеска, Крстаноска, Чавковска и Спространова.

Во следната деветта рунда избраничките на тандемот Филип Јованоски – Билјана Богданова Смилевска ќе ги одмерат силите со Стружанка на домашен терен. 

OhridNews