Женскиот ракометен состав „Моби Дик“ пред своите гледачи ја продолжи победничката серија совладувајќи го тимот на САП Акумулатори со 33-19 (19-7).

Прашањето околу победникот избраничките на Смилевска-Јованоска го решија во првиот дел, кој го добија со +12.

Во продолжението со рутинска игра охриѓанки ја потврдија победата и прокнижија нови три бода на табелата.

Гол шоу имаше Ристовска со 11 погодоци, Николовски постигна 6 погодоци, Глигорска еден помалку, а Талеска застана на 5 голови.

Мх.П.