Охридскиот женски ракометен состав „Моби Дик“ на гостувањето во Пробиштип кај екипата на САП Акумолатори ја забележа петтата победа 28-19 (12-12) во Првата лига.

Домаќините рамноправен противник беа само во првиот дел кога успешни им парираа на охриѓанки. Во вторите триесет минути „китовите“ уфрлија брзина погоре што им го донесе петтиот триумф во петтиот натпревар сезонава.

Мх.П.