Женскиот ракометен состав „Моби Дик“ на гостувањето во Чаир ја забележа седмата победа во шампионатот победувајќи ја истоимената екипа со 30-25 (12-13).
Охриѓанки клучниот чекор кон седмата победа го направија на стартот од вториот период со серија од 6-1, а потоа рутински го доведоа мечот до самиот крај.
Избраничките на Филип Јованоски во осмата рунда на гостински терен ќе се сретнат со Куманово.
Мх.П.