Ракометарките на Лихнид совладувајќи го тимот на Шампион со 29-15 (15-6) стигнаа до првата победа во пролетната полусезона во Кадетската лига.
Почетната негатива од 2-0 брзо ги разбуди „китовите“ кои со серија од 7 голови стигнаа до 7-2 водство и решавање на победникот. До крајот на полувремето водството достигна до 9 голови (15-6).
Во вториот дел ракометарките на Лихнид продолжија во исти ритам и на крајот забележаа победа изразена со 14 голови разлика на семафорот (29-15).
Во листата на стрелци се истакнаа Теодора Балоска и Николина Угриноска со шест голови, на 5 застана Тамара Маркоска, а по 2 постигнаа Драгана Усовиќ, Љупка Спространова и Викторија Алексиеска.
Во следната трета рунда од кадетскиот шампионат Лихнид гостува во Кичево.
OhridNews