Ракометарките на Лихнид и без неколку стандардни првотимки успеаја да слават победа на гостувањето во Прилеп против истоимената екипа со 18-8 (8-2).


Победата под Марковите кули оди на сметка од помладите ракометарки во клубот кои добро и храбро одговорија на предизвикот. Тие комплетно го пополнија недостатокот на првотимките и најавија возбудлив крај на Пионерската лига.

Шест погодоци во победата во Прилеп постигна Теодора Балоска, Мила Ложанкоска реализираше пет, Елизабета Крстаноска три додека по еднаш мрежата ја погодија Кристина Костеска, Марија Наумоска, Илина Фанкоска и Стефани Костеска.

OhridNews