Ракометарките на Лихнид со 26-24 (14-15) го совладаа составот на Вардар СЦЈС во дерби средбата од 9-та рунда рамките од кадетската лига.

„Китовите“ со оваа победа се изедначија на врвот од табелата и им се реваншираа на „вардарки“ за поразот од есенската полусезона.


„Црвено црните“ со серија голови во финишот од првиот дел ја анулираа предноста на домаќинките која изнесуваше четири погодоци и со гол со звукот на сирената го презедоа водството (15-14).


Вториот дел се играше гол за гол, а домашната екипа прва се одлепи на семафорот со предност (23-21). Охриѓанки носени од публиката уфрлија брзина погоре и се одлепија на плус четири (26-22). До крајот гостинските постигнаа два голови и го ублажија поразот (26-24). 

Најпрецизна во охридскиот состав со осум голови беше Теодора Балоска, еден помалку постигна Тамара Маркоска, по четири реализираа Ивона Блажеска и Николина Угриноска, два пати мрежата ја погоди Викторија Алексиоска, а еднаш прецизна беше Драгана Усовиќ. Во тимот на Вардар најефикасна беше Анастасија Нелоска.

Во следната десетта рунда избраничките на Филип Јованоски и Билјана Богданова Смилеска гостуваат во Ресен кај тимот на Нова Преспа.

OhridNews