Ракометарките на Лихнид ја забележаа четвртата победа сезонава во пионерската лига совладувајќи го составот на Пелистер на домашен терен со 20-17 (12-7) во 10-та рунда од шампионатот.
„Китовите“ одиграа маестрално прво полувреме во кое го надиграа ривалот од Битола и се стекнаа со пет голови позитива (12-7). Гостинките во вториот дел притиснаа, но ракометарките на Лихнид не дозволија пресврт и заслужено ги освоија бодовите.
Со овој триумф ракометарките на Лихнид им се реваншираа на „зелено белите“ за поразот од првата полусезона во пионерската лига и се зацврстија на средината од табелата.
Во листата на стрелци се истакна Драгана Усовиќ која постигна 14 погодоци, Маја Кутаноски реализираше два, а Моника Бутеска, Кристина Костеска, Илина Фанкоска и Јана Анѓелоска по еднаш ја погодија мрежата. Кај гостите најпрецизна беше Драгана Милосавлевиќ.
Во следната 12-та рунда „китовите“ гостуваат кај тимот на Ринија М.
OhridNews