Лидерот во Првата женска ракометна лига, Моби Дик забележа нова победа овој пат против Универс на гостински терен 22-21 (11-9).
Минималната победа е 11-та вкупно сезонава и со само еден пораз во 12 натпреварисе охриѓанки ги прави неприкосновени лидери во Првата женска ракометна лига.
В сабота со почеток во 12:30 часот пред своите гледачи ќе се сретнат со екипата на Велес.
Мх.П.