Женскиот ракометен клуб Моби Дик есенската полусезона во пионерската конкуренција ја заврши на третат позиција.


Планот на стручниот штаб пред почетокот на сезоната беше пласман во завршницата, а со три победи во шест натпревари охриѓанки се на добар пат.


За „китовите“ ова е прва сезона во младинската конкуренција и успешно одговорија на предизвиците.


Пролетната полусезона почнува во март следната година, а амбициите во охридскиот состав остануваат исти.

Мх.П.