Лидерот во Првата женска ракометна лига, Моби Дик во 12-та рунда на домашен терен го „преслуша“ тимот на Борец победувајќи го 30-13 (12-7).

Избраничките на тренерскиот тандем Јованоска – Смилевска не оставија ништо на случајност и од самиот старт неметнаа темпо кое гостинките неможеа да го издржат.

Во вторите триесет минути охриѓанки не само што ја задржаа предноста од пет погодоци од првиот дел туку ја зголемија на (+17) за убедлив триумф 30-13.

Со 11-ет победи во 12 одиграни натпревари „китовите“ се апсолутни лидери на табелата и со крупни чекори одат кон Супер лигата.

Моби Дик : Н. Глигороска (5 одбрани), Ристоска 12, Јованоска 7, Николовска 2, Е. Глигороска, Прентоска 2, Талеска 1, Попоска 3, Митоска (10 одбрани), Спироска 2, Ложанкоска, Китановска 1, Битолкоска (3 одбрани), Стојкоска, Блажеска, Танеска.

Мх.П.