Ракометарките на Лихнид ќе бидат дел од завршниот турнир од Пионерската лига кој ќе се одигра на теренот од екипата на Металург во Скопје.


„Китовите“ регуларната сезона во лигата ја завршија на втората позиција, а токму домаќинот ќе им биде противник во 1/2 финалето.

Со обезбедувањето на местото во разигрувањето охридскиот женски ракометен клуб ја исполни целта пред почетокот на сезоната.

Ако успеат да го минат Металург, охриѓанки во финалето ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу втората екипа на Металург и Куманово.

Полуфиналниот меч на „китовите“ на програмата е во 12:30 часот.

OhridNews