– Потценувањето на гостинската екипа можеше скапо да не чини, но на крај испадна како што планиравме и ги освоивме бодовите – рече херојот на „гладијаторите“ во триумфот над Куманово, Ристе „Меци“ Китевски и додаде – Сакам да им честитам на сите во клубот за тешко извојуваната победа над Куманово. Многу ми е мило што на екипата со неколку интервенции во финишот му помогнав да стигне до вториот триумф во Супер лигата.  


Следен предизвик за охридските ракометарите во Супер лигата е тимот на Текстилец, кој сеуште нема забележано победа во овогодинешнава сезона. 

– Се надевам на помирен натпревар во дуелот со Текстилец на домашен терен. По секој меч во Супер лигата целата екипа ја гледаме снимката и заедно коментираме и разговараме да не се повторуваат грешките од тој натпревар. Време е и публиката која доаѓа да ужива во нашиот ракомет, а не да трепери до последните секунди за победа – заклучи популарниот „Меци“.

Мх.П.