Кит Ричардс пишува книга за деца, всушност сликовница, која во продажба би требало да се најде оваа есен. Како што пренесуваат агенциите, книгата “Gus & Me: The Story of My Granddad and My First Guitar” ја илустрирала тетката на Ричардс Тиодора.
Главен јунак на сликовницата е Гас, односно Гас Дупри, саканиот дедо на Ричардс кој исто така бил музичар. Во соопштението кое го објавила издавачката куќа “Litl, Braun”, со која ричардс потпишал договор, славниот гитарсит наведува дека книгата е заснована врз еден од оние магични моменти кои ги поделил со својот дедо Гас. Музичарот има пет деца. Своите мемоари под наслов „Живот“ ги објавил во 2010 година.