Гитаристот на Ролингстоунс Кит Ричардс оваа есен ќе објави соло албум, прв после повеќе од 20 години. Ричардс најави дека на 18 септември ќе биде објавен албумот “Crosseyed Heart”, негов трет самостоен албум. Првиот сингл од албумот, “Trouble”, неговите фанови ќе можат да го чујат на 17 јули.

 

Кит Ричардс својот последен албум “Main Offender” го објави во 1992 година. Тој напиша поголем дел од песните на новиот албум, на кој една песна изведува во дует со Нора Џонс, а продуцент е Стив Џордан. На албумот Кит свири електрична и акустична гитара, бас гитара и клавир.