Гитаристот е еден од основачите на легендарните Ролингстоунс планира членовите од тој состав, Мик Џегер, Чарли Вотс и Рони Вуд да ги наговори да снимат нов албум следната година. „Стоунси“ немаат објавено нешто ново од 2005 година, но Кит Ричардс се надева дека тоа ќе го промени кога членовите на бендот ќе влезат во студио во април, пренесуваат британските медиуми. После признанието дека членовите „малку разговарале“ за снимање на нов материјал кога неодамна се состанаа, 71-годишниот рокер инсистирал дека тоа треба да се случи бидејќи сега се подобри музичари отколку кога биле млади.
Вели дека нема да се подмладат, но станаа подобри во она што го работат. Славниот гитарист во септември го објави својот трет самостален студиски албум „Creosseyed Heart“. Неодамна откри дека сиот успех кој го постигна во музиката го должи на својата мајка Дорис и нејзиниот истенчен вкус.