Еден австралиски сурфер се онесвестил во неделата откако со опашката го удрил кит кој пливач во близина на познатата сиднејска плажа Бонди. Како што пренеле медиумите, неколку китови се наоѓале во близина кога еден од нив го удрил со опашт во сурферот или во неговата даска. Портпаролот на спасувачката екипа рекол дека сурферот накратко ја изгубил свеста, а најпрво на помош му притекнале другите сурфери.
Повреденото момче се жалело на болки во десната страна од телото, но во болницата лекарите констатирале дека неговата состојба е задоволувачка. Еден од очевидците изјавил дека китот бил со големина на автобус. Бил долг околу 12 метри, а китовите си играле во близина на сурферите кога се случил инцидентот.