Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот во идните мировни преговори да не и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија окупирана од почетокот на војната.

Кисинџер во изјавата за германската државна телевизија „Зе-Де-Еф“ нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса, и го повика Западот независно околностите да биде јасен по однос тоа за што може и за што не може да се разговара.

Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците, нагласи поранешниот државен секретар. Кисинџер, пет месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Кисинџер одигра клучна улога во обликувањето на американската надворешната политика од крајот на 60-те до крајот на 70-те години на минатиот век, прво како советник за национална безбедност, а потоа како државен секретар. Во 1973 година тој ја доби Нобеловата награда за мир за договорот за прекин на огнот и договорот за повлекување од тогашниот Северен Виетнам.

OhridNews