Русокосата холивудска актерка Кирстен Данст, која има 33 години, и сега веќе нејзиното поранешно момче, 31-годишниот Герет Хедлунд, се разделија после четири години врска, јавуваат американските медиуми. Парот последен пат во јавност заедно се појави на доделувањето на Златните глобуси на почетокот на годинава, а причина на нивното изненадувачко раскинување не е позната.

 

Да потсетиме, Герет, кој глумеше и во филмскиот хит на Анџелина Џоли „Unbreakable“, ја запозната Кирстен Данс на снимањето на филмот „On the Road“ во 2012 година, и оттогаш беа неразделни. За нивниот прв состанок, Герет ја одведе на возење со кану во три часот наутро.