Американската актерка од помладата генерација, Кирстен Данст, игра во новиот филм на познатиот режисер Ларс фон Трир, а најголемо внимание привлекле сцените во кои се појавува сосема гола. Кирстен за прв пат се соблекува пред камерите во новиот филм „Меланхолија“, кој жанровски е окарактеризиран како психолошки филм за природни катастрофи.
Кирстен и Шарлот Гејнзборо играат две сестри, кои ќе се најдат на сред припреми за венчавка, додека кон планетата Земја се движи разорен метеор. Нивниот меѓусебен однос е доведен во прашање, а неминовната катастрофа ги продлабочува меѓусебните несогласувања.