Македонскиот интернационалец Христијан Кировски е пред трансфер во Црвена Ѕвезда пренесува Sportal.rs.


Кировски, кој е член на Ираклис имаше одлична сезона зад него постигнувајќи 13 голови на 25 натпревари по што не остана незабележано на фудбалскиот пазар.

Управата на Црвена Ѕвезда за засилувања во навалната линија има „пикирано“ тројца фудбалери меѓу кои се наоѓа и Македонецoт.

Робусниот напаѓач е најевтината варијанта, а во игра за потпис со „црвено белите“ се Драган Мрџа односно Абубакар.  

Мх.П.