Холивудската легенда Кирк Даглас донираше $50 милиони долари во добротворни цели.
Актерот заедно со неговата сопруга ќе ги донираат пари во непрофитни организации преку нивната “Douglas” фондација.

Дел од парите се наменети за одделението на пензионерскиот центар и болница за пациенти со Алцхајмерова болест во Вудленд Хилс, Калифорнија додека друг дел од донацијата е наменет за ресторација на театарот на Кирк Даглас во градот Кулвер.
Покрај многуте непрофитни организации дел од парите ќе добие и “St. Lawrence” универзитетот во Лос Анџелес, кој истите ќе ги додели како стипендии за учениците од помалите етнички групи.