Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, докторот стоматолог Кирил Пецаков, вечерва објави победа на Локалните избори за Градоначалник на Општина Охрид.

Почнуваат нови прекрасни денови како за Охрид, така и за Македонија – изјави Пецаков пред ИШ на ВМРО ДПМНЕ, додека неговите симпатизери еуфорично со факли и пиротехника ја слават победата.

Според некомплетните и неофицијални податоци на партијата, Пецаков и во вториот круг од изборите освои значително повеќе гласови од својот противкандидат од СДСМ Константин Георгиески. Од над 85% преброени гласови, Пецаков освоил 16.961, Георгиески 12.811, додека 528 ливчиња биле неважечки.

Пецаков во текот на изборната кампања најави реализација на повеќе капитални и инфраструктурнби проекти, ефикасна локална администрација, ликвидни јавни претпријатија, многу работа и отчетност.

OhridNews