Советникот, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Кирил Пецаков, ја предводи тројката кандидати од Охрид на Листата на кандидати за пратеници, за претстојните предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 12 април,дознава OhridNews.

Неофицијално, Пецаков е 4-ти на листата на ВМРО ДПМНЕ, на која во првата половина уште се и советничката Лидија Петкоска и докторката Грација Бакраческа.

Инаку, Избирачката листа на ВМРО ДПМНЕ во 5 ИЕ, во која е и Охрид, ја предводи оперскиот пејач Игор Дурловски.

Г. М.