Македонската ракометна селекција, вечерва, ќе сврти ново поглавје во историјата, откако на позицијата селектор но и како играч ќе го има најдобриот ракометар, Кирил Лазаров. Лазаров деби на селекторското столче ќе има против светскиот првак Данска, кој во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство гостува во Скопје.
Мислам дека сме подготвени, имавме доволно време. Не ги започнавме подготовките два дена порано бадијала, навремено се комплетиравме. Позната ми е процедурата како се подготвува еден национален тим, максимално го искористив времето и имавме добри услови. Подготвени го дочекуваме натпреварот со Данска. Ќе играме со светскиот и олимписки шампион, мене како селектор треба да ни е чест и задоволство што ќе отвориме ново поглавје со можеби најдобрата репрезентација на денешницата, – изјави Лазаров.
Тој најави дека селекцијата е подготвена за надигрување со Данска, а појасна слика околу македонската селекција ќе има после двомечот со данците. Првиот меч се игра вечерва во 19 часот, додека вториот в недела на теренот од Данска.
OhridNews